Македонски Телеком и ЕЛЕМ ги поделија бодовите

Македонски Телеком 5-5(4-2) ЕЛЕМ

Македонски Телеком: Стефан Насковски 2’ 15’ Даниел Анчевски 29’ Садики Тасим 20’ Марко Магденовски 14’
ЕЛЕМ: Горан Николов 2’ 35’ 37’ Ивица Апостоловски 5’ Александар Бокан 40’

Одличен старт на натпреварот помеѓу екипите на Македонски Телеком и ЕЛЕМ, екипата на ЕЛЕМ со голот на Николов во 2та минута го отвори резултатот со предност од 1-0, веќе следниот напад Насковски со прекрасен погодок за израмнување на 1-1. Овие почетни погодоци најавија динамичен натпревар, во таквата игра екипипада на ЕЛЕМ успеа да постигне погодок во 5та минута за водство од 1-2. По ова екипата на Телеком ја превзеде иницијативата и тргна во целосна офанзива што резултираше со погодок во 14та за израмнување а веќе во следната и целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на Телеком успеа да го зголеми водството на 4-2. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ во игра внесе голман играч што во фаза на напад им донесе предност и со одличните погодоци на расположениот Николов успеа да дојде до само гол негатива и завршницата на ја направи супер интересна. И кога се мислеше дека екипата на Телеком ќе ја однесе победата буквално во полседните секунди од натпреварот екипата на ЕЛЕМ со голот на Бокан успеа да го израмни резултатот на 5-5 со кој се заврши овој натпревар.