Македонски Телеком под диригентската палка на Пацоли – Велигденов до победа над Уни Банка

Уни Банка 3-5(1-1) Македонски Телеком

Уни Банка: Марко Ташков 23’ Александар Кузинаков 40’ Ивица Орозовски 20’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Стефан Насковски 35’ Даниел Анчевски 30’ 37’ Садики Тасим 29’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Уни Банка и Македонски Телеком, прва до водство дојде екипата на Телеком преку одличен погодок на Лазаревски во 3та минута. Ова рано водство ја примора екипата на Уни Банка да го подигне темпото на игра и да се префрли на противничката половина, но екипата на Телеком имаше одлична игра во одбраната и не и дозволуваше Уни Банка да дојде до израмнување. Во финишот од полувремето екипата на Уни Банка успеа да искористи грешка во одбраната на Телеком за израмнување на 1-1 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Уни Банка успеа да постигне брз погодок и да направи целосен пресврт во натпреварот. По ова екипата на Телеком во игра внесе голман играч како би добила вишок во нападот што вроди со плод и за кратко време успеа да се врати во натпреварот да го превземе водството и да го добе овој дуел со резултат од 3-5.