Македонски Телеком со одлично второ полувреме до победа над Уника

Уника 2-5(2-2) Македонски Телеком

Уника: Кренар Сума 12’ 13’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 39’ Стефан Наскоски 16’ Даниел Анчевски 7’ Марко Магденовски 27’ 29’

Одличен старт на екипата на Македонски Телеком во дуелот со Уника, со погодокот на Анчевски во 7та минута екипата на Телеком се стекна со водство од 0-1. По овој погодок екипата на Уника се префрли на противничко поле и вршеше силен притисок кон голот на Телеком, што вроди со полод со двата одлични погодоци на Сума во 12та и 13та минута за целосен резултатски пресврт од 2-1. Во останатиот дел од полувремето екипата на Телеком бркаше резултат, тоа им успеа во 16та минута со голот на Насковски за 2-2 за реми на полувреме. Во второто полувреме и двете екипи продолжија со високо темпо на игра и жестока борба по целиот терен, екипата на Телеком беше поконкретна во 27та и 28та минута со двата гола на Младеносвски успеа да го превземе водството на 2-4. По оваа негатива екипата на Уника фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива по израмнување, но екипата на Телеком одлично ја постави играта во одбраната не дозволи изненадување и го доби овој натпревар со 2-5.