Македонски Телеком со пресврт во последните минути до победа над Маркарт

Маркарт 2-3(2-1) Македонски Телеком

Маркарт: Александар Ристовски 4’ Александар јаневски 3’
Македонски Телеком: Даниел Анчевски 12’ 40’ Стефан Наскоски 38′

Екипата на Маркарт одлично го отвори натпреварот против екипата на Македонски Телеком, со два постигнати погодоци во 3та и 4та минута успеа да внесе одредена доза на паника во редовите на Македонски Телеком. Екипата на Телеком по оваа негатива со честа ротација на играчи и промена на тактики во 12та минута успеа да го намали водството на 2-1. До крајот на полувремето екипата на Маркарт со одлична игра во одбраната успеа да го сочува својата мрежа па на паузата замина со предност од 2-1. На стартот на вториот дел екипата на Телеком фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива и во игра внесоа голман играч. ЕКипата на Маркарт се до последните две минути од натпреварот успеваше да одолее на овој жесток притисок од екипата на Телеком, но во 38та и 40та минута попушти концентрацијата па Телеком успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 2-3.