Македонски Телеком со рутинирана игра до победа над Сава Осигурување

Македонски Телеком 5-2(3-0) Сава Осигурување

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 37’ Стефан Насков 2’ 6’ 16’ Марко Магдаленовски 36’
Сава Осигурување: Коста Глигуровски 31’ Данило Апостоловски 34’

Првото полувреме во дуелот помеѓу Македонски Телеком и Сава Осигурување и припадна на екипата на Телеком која уште на самиот старт ја превзеде иницијативата и со погодок во 2та минута го отвори резултатот. Во ова прво полувреме екипата на Телеком во своите редови го имаше расположениот Наскоски кој успеа да постигне 3 погодоци за водство од 3-0 до 16та минута. Екипата на Сава Осигурување со сите сили се обидуваше да го намали водството и да фати резултатски приклучок но во ова прво полувреме не успеваше да ја пронајде својата игра. Полувреме 3-0. Во второто полувреме екипата на Сава осигурување направи промена на тактиката и во игра внесе голман играч со што успеа да се доближи до еден гол негатива, но таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива па екипата на Телеком знаеше тоа да го искористи за победа на овој дуел со резултат 5-2