Македонски Телеком со сигурна игра до победа над Пекабеско

Македонски Телеком 3-1(2-0) Пекабеско

Македонски Телеком: Агрон Пацоли 18’ Гоце Филиповски 14’ Даниел Анчевски 25’
Пекабеско: Бобан Вујиќ 32’

Првата фаза од полувремето во дуелот помеѓу Македонски Телеком и Пекабеско помина во мирен ритам на игра без многу шанси за гол и на двете страни, играчите на двете екипи со соло акции и удари од далечина се обидуваа да го отворат резултатот. Како одминуваше времето екипата на Телеком ја превзема иницијативата се префрли на противничко поле вршејќи притисок кон голот на Пекабеско што резултираше со водство од 2-0 на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Телеком успеа да постигне погодок за солидно водство од 3-0. Екипата на Пекабеско не се откажуваше од овој натпревар и со сите сили се обидуваше да го намали водството и да се врати во игра, но екипата на Телеком ја контролираше играта и не дозволи изненадување па го доби овој натпревар со резултат од 3-1