Макпетрол со одлично второ полувреме до победа над Аџибадем Систина

Аџибадем Систина 4-8(1-1) Макпетрол

Аџибадем Систина: Злате Бошковски 20’ Ивица Петровски 33’ Игор Ѓоршиевски 22’ Кристијан Димковски 26’

Макпетрол: Александар Мишовски 10’ 23’ 25’ Игор Стојковски 27’ 29’ 38’ Благоја Лолевски 39’ Мишо Ѓоргиевски 34’

Дваесет и првото коло од Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Аџибадем Систина и Макпетрол.  

двете екипи започнаа со високо темпо на игра што на самиот старт донесе шанси за погодок и на двете страни, но голманите со одлични одбрани успеаа да ги сочуваат своите голови. Како одминуваше времето екипата на Макпетрол  ја превзеде иницијативата и трегна пожестоко кон голот на Систина што резултираше со погодок во 10та минута и водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Систина започна со понапаѓачки стил на игра со цел да дојде до израмнување, ваквата игра вроди со плод па во 20та минута успеаа да го израмнат резултатот на 1-1. На старот на второто полувреме екипата на Систина успеа да постигне погодок и да направи целосен резултатски пресврт, но од страна на екипата на Макпетрол следеше брз одговор и изарамнување по само една минута на 2-2. По ова следуваа неколку одлични минути за екипата на Макпетрол која успеа да го превземе водството на 2-4 и да ја примора екипата на Систина да биде таа која брка резултат. До крајот на натпреварот екипата на Макпетрол ја искористи отворената игра на Аџибадем Систина за да го зголеми водството и конечна победа од 4-8.