Макпетрол со победа во нафташкото дерби дојде до влез во Ф8

Макпетрол 5-2(3-2) Окта

Макпетрол: Мишо Ѓоргиовски 12’ Марко Костенцовски 28’ Горан Новаковски 4’ 8’ Баже Тодоровски 25’
Окта: Владислав Илиќ Дарко Бојковски 10’

Макпетрол и Окта ги одмерија силите во дуел за влез во Ф4 фазата од завршниот турнир. Екипата на Макпетрол прва успеа да дојде до погодок во 4та минута од полувремето со погодкот на Новаковски, по оваа негатива екипата на Окта започна со нешто поофанзивна игра со цел да дојде до израмнување на резултатот. Но ваквата отворена игра ја искористи Макпетрол да најде простор во одбраната на противникот и со вториот погодок на Новаковски да зголеми на 2-0. Екипата на Окта имаше брз одговор и веќе во следниот напад успеа повторно да намали на само еден гол разлика со погодокот на Илиќ на кој му се приклучи Бојковски за израмнување на 2-2. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол преку конта напад успеа со одлично изработена акција да ја врати предноста на 3-2 резултат со кој се змаина на полувремето. Екипата на Макпетрол второто полувреме го започна со смирен напад кој имаше многу проигрувања чекајки грешка во одбраната на Окта. Екипата на Окта вршеше притисок во предно поле со што му дозволи на Макпетрол преку контра напад да дојде до отворена шанса за гол и истата да ја реализира. Екипата на Окта како одговор на предноста која ја стекна Макпетрол се обиде да се врати во натпреварот со смена на голманската позиција. Но Макпетрол не дозволи изненадување ја играше својата препознатлива игра која вроди со плод и му донесе победа на овој натпревар од 5-2.