Макпетрол со цврста одбрана и Ѓорѓиевски во нападот до победа над Макстил

Макстил 2-5(1-3) Макпетрол

Макстил: Ѓорѓија Атанасов 38’ Бојан Неделковски 20’
Макпетрол: Мишо Ѓорѓиевски 8’ 17’ 22’ Горан Новаковски 26’ Баже Тодоровски 10’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Макстил и Макпетрол, двете екипи со цврста игра го започнаа ова полувреме и фокус ставен на играта во одбраната. Екипите со удари од далечина се обидуваа да го изненадат противникот, екипата на Макпетрол прва го отвори резултатот во 8та минута со погодокот на Ѓорѓиевски, а само неколку минути подоцна му се приклучи и Тодоровски со погодок од далечина за водство од 0-2. Екипата на Макстил го подигна темпото на игра и се почесто се закануваше кон голот на Макпетрол, но тие одлично ја поставија играта во одбарана и не дозволуваа лесен погодок. До крајот на полувремето екипата на Макпетрол успеа да зголеми водството на 0-3, а Макситл искористи грешка во одбраната за намалување на разликата на 1-3. Во второто полувреме екипата на Макпетрол продолжи со одлична игра во одбраната а преку брзи контра напади успеваше да се заканува кон голот на Макстил. Ваквата игра на Макпетрол му донесе предност од 1-5, во завршната фаза од наптреварот екипата на Макстил успеа да реализира преку Атанасов но само за ублажување на поразот на 2-5.