Макстил не дозволи изненадување во дуелот Bestway Solutions

Bestway Solutions 5-9(3-5) Макстил

Bestway Solutions: Марко Неделковски 18’ Петар Стефановски 23’ 29’ Филип Зоксимовски 17’ Глигор Биљарски 20’
Макстил: Aтанасов Ѓорѓија 3’ 32’ 34’ Бојан Неделковски 10’ 30’ Лазев Мартин 2’5’ Бурхан Етемов 18’ Бојковски Бобан 30’

Одличен почеток на екипата на Макстил во дуелот со Bestway Solutions, во овој дуел со погодок во раната фаза од полувремето успеаа да поведат на 0-1. Како одминуваше времето екипата на Макстил со брза транзиција и одлична реализација од минута во минута успеваа да го зголемуваат своето водство. Екипата на Bestway Solutions имаше успеа да реализира неколку одлични погодоци и да ја намали резултатската негатива но Макстил успеа на паузата да замине со предност од два погодоци со резултат од 3-5. Во второто полувреме екипата на Bestway Solutions продолжи со одлична игра и ја стопи предноста на Макстил а во 29та минута успеаа да израмнат на 5-5. Ова ја примора екипата на Макстил да свика тајм аут по кој направија тактички измени во играта што вродија со плод па не дозволија Bestway Solutions да дојдат до целосен резултатски пресврт. Екипата на Макстил во завршницата на натпреварот со неколку голови во низа да успеа да ја врати резултатската предност и на крајот да слави со 5-9.