Матрикс со одличен финиш до победа над Џонсон Мети

Матрикс 5-3(2-2) Џонсон Мети

Матрикс: Драган Брњарчевски 28’ 34’ Петре Даиловски 6’ 11’ 39’
Џонсон Мети:Бојан Дејановски 6’ 17’ Бобан Ристов 26’

Динамично прво полувреме во високритам одиграа екипите на Матрикс и Џонсон Мети, уште на самиот старт двете екипи се определија за офанзивен фудбал што донесе многу шанси за гол и на двете страни. Прва до водство дојде екипата на Џонсон Мети во 6та минута, следуваше експресен одговор од страна на Матрикс уште во истата минута за израмнување на резултатот на 1-1. Во средината на полувремето Даиловски со мајсторски погодок успеа да и донесе водство на екипата на Матрикс од 2-1. До крајот на полувремето екипата на Џонсон Мети бркаше израмнување што им успеа во 17та минута со погодокот на Дејановски и резултат од 2-2 со кој се замина на полувремето. На стартот од второто полувреме екипата на Џонсон Мети преку својот голман Ристов успеа да го превземе водството, по ова екипата на Матрикс вршеше жесток притисок кон голот на Џонсон Мети па неколку минути подоцна успеа да дојде до израмнување. Финишот од натпреварот и припадна на екипата на Матрикс која со одлична игра успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие натпреварот со 5-3.