Матрикс со одлична реализација до победа над ЈСП

Матрикс 8-1 (2-0) ЈСП

Матрикс: Предраг Стојмировиќ 15’ 37’ Драган Брњањчевски 23’ 27’ 32’ Антонио Богдановски 19’ Ристе Ритевски 40’ Тони Брњанчевски 40’
ЈСП: Филип Димовски 22’

Екипите на Матрикс и ЈСП одиграа дерби натпревар, двете екипи влегоа во овој натпревар силно мотивирани и со цврста и брза игра. Во првото полувреме се играше цврсто во текот на целото полувреме, и двете екипи имаа целосен акцент на играта во одбраната. Во ваквата игра тешко се доаѓаше до отворена шанса за гол на двете страни, екипата на Матрикс преку Стојмировиќ во 15та минута преку контра напад успеа да реализира за 1-0. По само неколку минути екипата на ЈСП по груб старт на противникот имаше играч плус, во двете минути со играч повеќе екипата на ЈСП не успеа да постигне гол по што следеше одговор од спротивната страна па Матрикс преку Боневски во самиот финиш од полувремето успеа да поведе со 2-0. Во второто полувреме и двете екипи продолжија во ист ритам, кај екипата на Матрикс проработе Брњанчевски кој со хет-трик успеа да и донесе солидна предност на својата екипа. Екипата на ЈСП повторно имаше играч повеќе по груб старт кај Матрикс, но ЈСП не успеа да реализира да го намали водството па Матрикс стигна до победа во овој натпревар со резултат од 8-1.