Матрикс со одлично второ полувреме до победа над Систина

Аџибадем Систина 4-10(3-4) Матрикс

Аџибадем Систина: Кристијан Димоковски 14’ 32’
Матрикс: Хикола Христовски 8’ Дарко Цветковски 9’ Антонио Богдановски 38’ 40’ Драган Брњарчевски 29’ Петре Даиловски 3’ 16’ 34’ 36’ 37’

Првиот дел од полувремето во дуелот помеѓу Аџибадем Систина и Матрикс и припадна на екипата на Матрикс. Тие уште на самиот старт се префрлија во противничко поле и вршеа жесток притисок кон голот на систина што резултираше со високо водство од 0-3 до 10та минута. Екипата на Систина се обидуваше да ја пронајде својата игра и да фати резултатски приклучок во што успеа па до полувремето успеа да дојде до само еден гол негатива 3-4. Во второто полувреме двете екипи продолжија со високо темпо на игра, многу борба по целиот терен. Екипата на Систина беше таа која го бркаше резултатот па фрли се на една карта – нападот, таквата отворена игра ја направи нивната одбрана ранлива па Матрикс умешно го искористи тоа за висока победа од 4-10.