Матрикс со пеколно второ полувреме до победа над Телеком и влез во Ф4

Матрикс 3-2(0-2) Македонски Телеком

Матрикс: Антонио Богдановски 29’ Драган Брњарчевски 34’ Петре Даиловски 34’

Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 3’ Даниел Анчевски 15’

Возбудливо прво полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Матрикс и Македонски Телеком, екипата на Телеком одлично го започна овој натпревар со погодокот на Лазаревски во 3та минута за водство од 0-1. По оваа негатива екипата на Матрикс се префрли пред голот на Телеком и вршеше константен притисок како би дошла до изарамнување, таквата отворена игра на Матрикс преку контра напад во 15та минута ја казни екипата на Телеком со втор погодок и водство од 0-2. До крајот на полувремето екипата на Матрикс со сите сили се обидуваше да постигне погодок и да фати резултатски приклучок, но не успеаа во таа намера па на паузата се замина со 0-2. Уште на стартот на второто полувреме екипата на Матрикс ја превзеде иницијативата и вршеше жесток притисок кон голот н аТелеком, тие успеаа да креираат неколку одлични шанси за погодок но голманот на Телеком со одлични интервенции го сочува својот гол. Екипата на Телеком успеваше да одолее на овој притисок се до 29та минута кога Богдановски успеа да постигне погодок и да го намали водството на 1-2. Овој погодокна екипата на Матрикс и даде ветер во грб па во само една минута, поточно во 34та минута успеа да направи целосен резултатски пресврт и да го добие овој натпревар со 3-2