Окта со отворен фудбал до убедлива победа над Искрател Груп

Окта 10-1(6-0) Искрател Груп

Окта: Драганчо Ѓрѓиевски 38’ 40’ Живко Котевски 7’ Александар Јовчевски 35’ Душан Босиљановски 12’ Един Скендеровиќ 4’ 15’ 18’ 27’ Виктор Ристовски 20’

Искрател Груп: Никола Велевски 22’

Одлично прво полувреме за екипата на Окта во дуелот со Искрател Груп, тие уште на самиот старт наметнаа жестоко темпо на игра и се префрлија на противничката половина што резултираше со рано водство уште во 4та минута. По овој рано постигнат погодок следуваше канонада кон голот на Искрател Груп, екипата на Искрател груп не можеше да најде против игра за денес расположената Окта па на полувремето замина со негатива од 6-0. Во второто полувреме екипата на Искрател Груп се обидуваше со сите сили да ја најде својата игра и да се врати во дуелот, но екипата на Окта одлично ја постави својата одбрана и преку контра напади постојано го зголемуваше своето водство за победа од 10-1.