Осврт на дваесет и третото коло од Бизнис Лигата на Македонија

Во рамките на дваесет и третото коло од Бизнис Лигата на Македонија беа одиграни девет натпревари

Во првиот натпревар од колото Алкалоид и ЈСП ги поделија бодовите
Екипата на Алкалоид одлично го отвори натпреварот против екипата на ЈСП со погодок во 3та минута и водство од 1-0. По ова рано водство за екипата на Алкалоид екипата на ЈСП започна со жесток притисок кон голот на Алкалоид со цел да дојде до израмнување тие до крајот на полувремето успеаа да створат неколку одлични прилики за израмнување, но екипата на Алкалоид со одлично поставена игра во одбраната успеа да одолее на притисокот и да замине на полувремето со предност од 1-0. Во второто полувреме екипата на ЈСП продолжи со агресивна игра што и донесе резултат во 29та минута со два погодоци и израмнување на 2-2. По ова израмнување следуваше жестока борба по целиот терен во која екипата на Алкалоид во 37та минута успеа да искористи кикс на екипата на ЈСП за водство од 3-2. Во финишот на натпреварот екипата на ЈСП успеа со уште еден налет кон голот на Алкалоид да дојде до израмнување на 4-4.

Стрелци на головите беа:
Алкалоид: Даниел Митич 3’ Марко Марковски 28’ 38’ Илија Арсовски 37’
ЈСП: Сабит Хусеини 29’ Томи Петковски 29’ 39’ Марјан Србиновски 40’

Аџибадем Систина со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Аџибадем Систина и Пекабеско, прва до водство дојде екипата на Систина во 4та минута со одличниот погодок на Бошковски и водство од 1-0. По ова почетно водство на Систина екипата на Пекабеско се префрли на противничко поле и до 11та минута успеа да направи целосен пресврт од 1-2. До крајот на натпреварот екипата на Систина го подигаше ритамот на игра што вроди со плод и водство од 3-2 на полувремето. На стартот на вториот дел екипата на Систина со двата погодоци на Ѓорѓиевски успеа да се стекне со солидно водство, кое и покрај одбидите на Пекабеско да го намали успеа да го задржи до крајот на натпреварот и со рутинирана игра Систина да ги однесе бодовите со резултат од 9-4.

Стрелци на головите беа:
Аџибадем Систина: Ивица Петровски 16’ Игор Ѓорѓиевски 23’ 24’ 33’ 40’ Кристијан Димковски 16’ 34’ 37’ Злате Бошковски 4’
Пекабеско: Стефче Стојановски 38’ Ѓоре Бочваров 11’ 35’ Алвин Бачко 10’

Еуро Табак преку Ливрински дојде до сигурна победа над Уни Банка
Полувреме во висок ритам на игра одиграа екипите на Еуро Табак и Уни Банка, екипата на Еуро Табак одлично го отвори овој натпревар и со погодоците во 6та и 7та минута се стекна со водство од 2-0. Неколку минути подоцна следуваше одговор со голот на Хаџидинев во 9та минута и намалување на 2-1, До крајот на полувремето екипата на Еуро Табак имаше повеќе од играта што и донесе предност на полувреме од 7-2. Во второто полувреме екипата на Еуро Табак продолжи со одлична игра и од минута во минута го зголемуваше своето водство, екипата на Уни Банка се обиде со голман игра да створи вишок во нападот но тоа го искористи екипата на Еуро Табак која преку Ливрински дојде до сигурна победа од 15-5

Стрелци на головите беа:
Еуро Табак: Мартин Ливрински 7’ 14’ 16’ 18’ 22’ 23’ 32’ 34’ 35’ 37’ Никола Зафировски 18’ 29’ Дејан Јанковски 6’ 28’ Дејан Младеновски 12’
Уни Банка: Владислав Хаџидинев 9’ Марко Ташков 19’ 36’ Зоки Мицев 26’ 39’

WP Data Tables

Рамстор ја сочува предноста во дуелот со Џонсон Мети
Возбудливо прво полувреме одиграа екипите на Џонсон Мети и Рамстор, воведните минути од натпреварот одминаа во одмерување на силите и без многу шанси за погодок на двете страни. Како одминуваше времето и двете екипи го подигаа темпото на игра и почнаа да се редат шанси за погодок, екипата на Рамстор со голот на Арслан во 8та минута стигна до водство од 1-0. По ова екипата на Џонсон Мети започна со поагресивна игра вршејќи притисок кон голот на Рамстор со цел да дојде до израмнување, тие успеаа да створат неколку шанси за погодок но не реализираа па тоа го казни Рамстор со погодок во 13та минута за водство од 0-2 резултат со кој се замина на полувремето. На стартот на второто полувреме екипата на Рамстор успеа да постигне погодок и да ја зголеми предноста на 0-3. По оваа негатива екипата на Џонсон Мети фрли се на една карта и тргна во целосна офанзива по израмнување, тие се обидоа на сите можни начини да фатат резултатски приклучок што делумно им успеа во 34та минута постигнуваќи погодок за намалување на резултатот на 1-3. Но екипата на Рамстор со одлично поставена игра во одбраната успеа да ја сочува предноста и да го добие овој натпревар со 2-3.

Стрелци на головите беа:
Џонсон Мети: Љупчо Стојановски 39’ Христијан Стојановски 34’
Рамстор: Ведат Арслан 8’ Ибрахим Бекир 13’ Хурјед Шаќири 8’

Македонски Телеком со колективна игра до победа над Окта
Во првото полувреме од дуелот помеѓу Окта и Македонски Телеком видовме отворен фудбал со многу шанси на двете страни но слаба реализација. Сепак екипата на Телеком во 8та минута успеа да реализира еден контра напад и со погодокот на Анчевски да дојде до водство од 0-1. До крајот на полувремето и двете екипи има свои одлични периоди на игра, во кои створија шанси за погодок но и голманите беа на висина на задачата и со одлични интервенции ги сочуваа своите голови. На полувреме се замина со резултат од 0-1. На самиот старт од првото полувреме екипата на Окта со одличниот погодок на Димитриевски успеа да го израмни резултатот на 1-1. По ова израмнување екипата на Телеком започна со поагресивна игра па успеа за само неколку минути да постигне три погодоци и да се стекне со комотно водство кое го сочува до крајот на натпреварот за победа од 2-5.

Стрелци на головите беа:
Окта: Иван Димитриевски 21’ Шеќо Личина 39’
Македонски Телеком: Михајло Лазаревски 29’ Стефан Насковски 26’ 31’ Даниел Анчевски 8’ 39’

ЕВН со пресврт во последните секунди до победа над Фабрика Карпош – ГИМ
Фуриозен старт за екипата на Фабрика Карпош – ГИМ во дуелот со ЕВН и веќе во петата минута резултатот гласеше 5-0 благодарение на Кристијан Панев кој ги постигна сите 5 погодоци од кои 3 уште во првата минута. Оваа негатива не ја демотивира екипата на ЕВН напротив тие со мирна игра од минута во минута ја топеа предноста на Фабрика Карпош за во 15та минута дојдат до само гол негатива на резултат од 6-5. До крајот на полувремето екипата на Фабрика Карпош успеа да ја сочува предноста и на паузата да замине со 7-5. Во второто полувреме се продолжи со жестока борба по целиот терен, екипата на ЕВН одговараше на секој постигнат погодок на екипата на Фабрика Карпош па во последните минути од натпреварот се влезе во неизвесна завршница во која екипата на Фабрика Карпош имаше гол предност. Во 38та минута екипата на ЕВН успеа да го израмни резултатот на 9-9 а во последните секунди и да направи целосен пресврт и да го добие натпреварот со 9-11.

Стрелци на головите беа:
Фабрика Карпош – ГИМ: Кристијан Панев 1’ 1’ 1’ 2’ 5’ Георги Божиков 25’ Милорад Миновски 13’ 19’ 35’
ЕВН: Виктор Валканчев 6’ 15’ Илија Мандаров 6’ Бојан Маџовски 26’ 40’ Томи Илиевски 34’ Бојан Симоновски 9’ 26’ 38’ Ајет Новобрдарија 15’ 40’

WP Data Tables

Глигуровски со одлична игра ја водеше Сава Осигурување до победа над Гранит
Динамично прво полувреме ни приредија екипите на Гранит и Сава Осигурување, прва до водство дојде екипата на Сава Осигурување во 5та минута со одличниот погодок на Поповски. Веќе во наредната акција екипата на Гранит преку Мицев усппеа да дојде до израмнување од 1-1, а екипата на Сава Осигурување веднаш потоа повторно го врати водството со погодокот на Апостоловски. По ова екипата на Гранит започна со жесток притисок кон голот на Сава Осигурување што им донесе до 18та минута водство од 3-2, сепак во последната минута екипата на Сава Осигурување со голот на Марковски успеа да дојде до израмнување од 3-3 резултат со кој се замина на полувремето. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување ја превзеде иницијативата и создаде неколку шанси за погодок па успеа да реализира во 28та минута зе водство од 3-4. По оваа негатива екипата на Гранит беше приморана да се префрли на противничко поле со цел да дојде до израмнување. Во тквата отворена игра остави простор во одбраната што го искористи екипата на Сава Осигурување која го доби овој натпревар со 3-6.

Стрелци на головите беа:
Гранит: Сашо Каровски 13’ Пепи Мицев 5’ 18’
Сава Осигурување: Данило Поповски 5’ Јовица Марковски 20’ Коста Глигуровски 28’ 39’ Данило Апостоловски 6’ Андреј Китановски 40’

Лукоил убедливи во дуелот со Маркарт
Одличен старт за екипата на Лукоил во дуелот со Маркарт, веќе во третата минута екипата на Лукоил успеа да го отвори резултатот за водство од 1-0. По ова почетно водство екипата на Лукоил продолжи со агресивна игра и жестоки напади кон голот на Маркарт па веќе кон средината на полувремето се стекнаа со високо водство. Екипата на Маркарт со чести ротации на играчи се обидуваше да и парира на екипата на Лукоил, но ова полувреме во целост припадна на Лукоил со резултат од 5-1. Во второто полувреме екипата на Маркарт фрли се на една карта и тргна по израмнување, но таквата отворена игра ги направи ранливи во одбраната што Лукоил од минута во минута го казнуваше за на крајот да слави со убедливи 10-2.

Стрелци на головите беа:
Лукоил: Марјан Цветковски 24’ Љупчо Апостоловски 32’ Гоце Мојсоски 19’ 22’ Анѓелчо Арсов 12’ Мартин Алаѓозовски 3’ 14’ 26’ 29’ Антонио Фенов 17’
Маркарт:Алмир Адиловиќ 16’ Тоше Трајковски 32’

Уника со пресврт до победа над С.Ц. Борис Трајковски
Интересно прво полувреме одиграа екипите на Уника и С.Ц. Борис Трајковски, воведните минути од натпреварот и припаднаа на екипата на Уника која успеа во 5та минута да постигне погодок за водство од 1-0. По оваа негатива екипата на С.Ц. Борис Трајковски започна со поофанзивна игра што донесе резултат во 7та минутаа со два гола едноподруго за целосен резултатски пресврт. До крајот на полувремето екипата на С.Ц. Борис Трајковски се фокусираше на одбраната, а екипата на Уника се обидуваше со жесток притисок да дојде до израмнување, сепак С.Ц. Борис Трајковски одолеа на притисокот па на полувремето замина со предност од 1-2. Екипата на Уника го започна второто полувреме со силен притисок кон голот на С.Ц. Борис Трајковски што вроди со плод во 27та минута кога успеаа да го израмнат резултатот на 2-2. Ова им даде дополнителен мотив и ветер во грб за во остатокот од полувремето да ја подигнат играта уште едно ниво да направат целосен пресврт и да го добијат овој натпревар со 7-2.

Стрелци на головите беа:
Уника: Арбен Нухиу 27’37’ Тимотеј Нешовски 5’ Кренар Сума 31’ 33’ Даниел Стојковски 37’ Бенјамин Граинца 39′
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 7’ Дарко Филиманов 7’

Ова коло се истакнаа следните поедници:
– Мартин Ливрински (Еуро Табак) 10 гола
– Игор Ѓоргиевски (Аџибадем Систина) 4 гола
– Кристијан Панев (Фабрика Карпош – ГИМ) 5 гола
– Бојан Симоновски (ЕВН) 3 гола
– Мартин Алаѓозовски (Лукоил) 4 гола

Allround играчи кои погодуваа во клучни моменти, асистираа до своите соиграчи кога беше најпотребно и допринесоа за подигање на моралот во екипата во ова коло беа:

Даниел Анчевски (Македонски Телеком), Кристијан Димковски (аџибадем Систина), Коста Глигуровски (Сава Осигурување), Бојан Маџовски (ЕВН), Арбен Нухиу (Уника)

Екипа на колото: Рамстор
Тренер на колото: Драги Стојанов (ЕВН)
Голман на колото: Марјан Цветковски (Лукоил)