Осигурителното дерби и припадна на екипата на Уника

Сава Осигурување 8-11(4-5) Уника

Сава Осигурување: Јовица Марковски 6’ 19’ 23’ 25’ 38’ Александар Коцаре 17’ 40’ Андреј Китановски 18’

Уника: Арбен Нухиу 10’ 39’Бенјамин Граинца 6’ 12’ 26’ 34’ 36’ 40’ Кренар Сума 8’ 15’ Саше Јакимовски 13’ 40’

Осигурителното дерби го отвори екипата на Уника со голот на Граинца во 6та минута, следуваше брз одговор и веќе во следниот напад екипата на Сава Осигурување го израмни резултатот на 1-1. По овие воведни минути следуваше одличен период за екипата на Уника која до 15та минута успеа да постигне три погодоци и да се стекне со комотно водство. По оваа негатива екипата на Сава Осигурување започна со поагресивна игра што вроди со плод па успеаа во ова полувреме да стигнат до само гол негатива 4-5. Во второто полувреме екипата на Сава Осигурување успеа да постигне погодок и да дојде до израмнување од 5-5, по овие воведни минути од второто полувреме следуваше вистинска борба за секоја педа на теренот во која поуспешна беше екипата 8-11.