Петковски со одлична игра и два гола ја однесе Халк Банка во Ф8

Халк Банка 5-1(1-1) LC Waikiki

Халк Банка: Алпер Тахир 33’ Мартин Дамевски 33’ Дејан Петковски 15’ 23’ Тигран Кандикјан 4-0
LC Waikiki: Муас Салихи 9’

Интересен дуел ни прикажаа екипите на Халк Банка и LC Waikiki, двете екипи овој натпревар го започнаа во високо темпо и со офанзивна игра. На двете страни уште од самиот старт на полувремето имаше по неколку одлични шанси за погодок, како одминуваше времето екипата на Халк Банка се почесто се закануваше кон голот на LC Waikiki но одлично ја поставија одбраната и не дозволуваа лесен погодок. Екипата на LC Waikiki успеа да искористи грешка во одбраната на Халк Банка и со брз контра напад успеа да реализира за водство од 0-1. Оваа негатива ја примора екипата на Халк Банка да продолжи со силен притисок кон голот на LC Waikiki, што во 15та минута од полувремето им донесе изамнување на 1-1 со погодокот на Петковски. До крајот на полувремето иако двете екипи имаа одлични шанси мрежите мирува. Во втрото полувреме екипата на LC Waikiki со брзи контра напади се обидуваше да дојде до поволен резултат, но екипата на Халк Банка го имаше расположениот Петковски кој успеа на својата екипа да и донесе целосен резултатски пресврт. Ова дополнително ја мотивираше екипата на Халк Банка која продолжи со одлична игра и во 33та минута со два погодоци во низа на Тахир и Дамевски успеа да створи резултатска предност од 4-1 а во самиот финиш голманот на Халк Кандикјан успеа да стави точка на овој натпревар во кој Халк Банка славеше со 5-1.