Рамстор убедлив во дуелот со ЕЛЕМ

Рамстор 8-3(7-1) ЕЛЕМ

Рамстор: Фуркан Муртезан 11’ Арјан Цами 16’ Елдин Бихорац 35’ Хурјед Шаќири 2’ Ведат Арслан 1’ 10’ 17’ 19’
ЕЛЕМ: Ристо Стефановски 23’ Златко Станковски 25’ Петар Василевски 13’

Одличен старт за екипата на Рамстор во дуелот со ЕЛЕМ, веќе во втората минута се стекнаа со водство од 2-0. Екипата на ЕЛЕМ по оваа негатива тргна пожестоко кон голот на Рамстор и успеа да постигне еден погодок и да фатин резултатски приклучок. Таквата отворена игра на екипата на ЕЛЕМ скапо ја чинеше бидејќи екипата на Рамстор преку контра напади ги казнуваше од минута во минута за на полувремето да замине со висока предност од 7-1. Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ направи промена на тактиката внесувајќи во игра голман играч што им овозможи вишок во нападот и делумно намалување на водството. Сепак екипата на Рамстор од крајот на натпреварот ја имаше контролата врз играта и резултатот и не и дозволи на ЕЛЕМ да направи нешто повеќе. Рамстор го доби натпреварот со високи 8-3.