Систина во победнички ритам.

Систина 4-0(1-0) Искрател Груп

Систина: Далибор Дамјановиќ 11’ Мирослав Неделковски 25’ Никола Малјановски 29’ Ивица Петровски 36′

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Систина и Искрател Груп, воведните минути од натпреварот одминаа во помирен ритам, каде екипите ги испитуваа силите и играчите со соло акција и удари од далечина се обидуваа да сторат нешто повеќе. Како одминуваше вермето екипата на Систина ја превземе иницијативата и вршеше жесток притисок кон голот на Искрател Груп, што резултираше со погодок во 11′ и водство од 1:0. По оваа негатива екипата на Искрател Груп се префрли на противничко поле и со сите сили се обидуваше да дојде до израмнување, но екипата на Систина со одлично поставена одбрана не и остави простор за играње на екипата на Искрател Груп, па на полувреме замина со предност од 1-0. Во второ полувреме екипата на Искрател Груп со чести ротации на играчи и промена на тактика се обидуваше да ја најде својата игра и фрли се на една карта тргна на нападот, таква отворена игра остави пукнатини во нивната одбрана што екипата на Систина знаеше да ги казни и во 25′ со голот на Неделковски зголеми на 2-0. До крајот на натпреварот екипата на Систина имаше целосна контрола врз играта и резултат и го доби овој натпревар со 4-0.