С.Ц. Борис Трајковски го изненади лидерот Макпетрол

Макпетрол 3-6(2-1) С.Ц. Борис Трајковски

Макпетрол: Виктор Доневски 3’ Александар Мишоски 11’ Марко костенцовски 32’
С.Ц. Борис Трајковски: Љубомир Стојановски 40’ Јован Димовски 29’ Оливер Китановски 26’ Сашо Димитровски 6’ Александар Василевски 23’ 39’

Динамично прво полувреме одиграа екипите на Макпетрол и С.Ц. Борис Трајковски, прва до водство дојде екипата на Макпетрол со гол во третата минута. Екипата на С.Ц. Борис Трајковски во 6та минута со одлично одиграна акција со погодокот на Димитровски успеа да го израмни резултатот на 1-1. Кон средината на полувремето екипата на Макпетрол со погодокот на Мишоски успеа повторно да го превземе водството. До крајот на полувремето и двете екипи имаа одлични шанси за погодок но покажа слаба реализација па на полувремето се замина со резултат од 2-1. На стартот на полувреме екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да постигне погодок и да го израмни резултатот, ова израмнување им даде дополнителен мотив и тргнаа уште пожестоко кон голот на Макпетрол па до средината на полувремето успеаа да направат целосен резултатски пресврт. Екипата на Макпетрол со чести ротации на играчи, а во последните минути од натпреварот и со голман играч се обидуваше резултатски да се врати во игра но не успеа во таа намера па го загуби овој натпревар со 3-6