С.Ц. Борис Трајковски со пресврт до победа над ЕЛЕМ

ЕЛЕМ 2-3(1-0) С.Ц. Борис Трајковски

ЕЛЕМ: Ивица Апостоловски 2’ Сенвет Реџепи 34’
С.Ц. Борис Трајковски: Горан Андоновски 26’ Оливер Китановски 24’ 28’

Екипата на ЕЛЕМ одлично го отвори натпреварот против екипата на С.Ц. Борис Трајковски со погодокот на Апостоловски во 2та минута. Овој рано постигнат погодок го подигна темпото на игра и настана вистинска бркотница по теренот во која екипата на С.Ц. Борис Трајковски атакуваше на израмнување. Екипата на ЕЛЕМ одлично ја постави играта во одбраната, и покрај многуте шанси за погодок на екипата ан С.Ц. Борис Трајковски успеа да одолее на притисокот и да го добе ова полувреме со резултат од 1-0. Во второто полувреме видовме една нова екипа на С.Ц. Борис Трајковски која влезе многу мотивирано и за само неколку мнути успеа да постигне три погодоци и да го превземе водството во натпреварот. До крајот на натпреварот екипата на ЕЛЕМ со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок во што и успеа во 34та минута да намали на 2-3 и да ја направи завршницата неизвесна. Во таквата завршница екипата на С.Ц. Борис Трајковски успеа да ја задржи предноста и да го добие натпреварот со 2-3.