ТАВ со колектива игра до победа над Гранит

Гранит 2-5(0-2) ТАВ

Гранит : Николче Глигуровски 25” 38”
ТАВ : Петар Mартиновски 14”, Алексо Новески 15” 25”, Еркан Шабани 37”, Тодорче Насковски 39”

Екипите на Гранит и ТАВ максимално мотивирано и со сериозен пристап влегоа во овој натпревар. И на двете страни се играше одличен фудбал, кој изобилуваше со креативни акции во делот на нападот. И двете екипи не дозволуваа лесен приод кон противничкиот гол. Ваквата игра се одвиваше на двете страни се до самиот финиш од првото полувреме кога екипата на ТАВ преку Мартиновски 14” дојде до предност од 1-0, на кој му се приклучи и Новески 15” за водство од 2-0.
Одличната игра од првото полувреме ТАВ ја пренесе и во второто полувреме, и играше со истиот интензитет и со чести измени се обидуваше да го одржи високиот ритам. Ваквата игра вроди со плод па така успеа да стигне до водство од 3-0. Екипата на Гранит преку контра напад го намали резултатот на 3-1, стрелец за голот беше Глигуровски 25”, но ТАВ преку Шабани поведе со 4-1. Ова беше иницијална каписла за Гранит да внесе во своите редови голман-играч како би ја намалил негативата, но ТАВ успеа да го одбие налетот на Гранит па го доби овој натпревар со 4-1.