Тодоровски одличен во пенал завршницата ја однесе екипата на Атлантик Груп во Ф8

Макстил 2-2(1-1) Атлантик Груп

Макстил: Бојан Неделковски 38’ Жарко Цвијетиќ 9’
Атлантик Груп: Благојче Стојановски 28’ Бојан Петковски 13’

Израмнето прво полувреме ни прикажаа екипите на Максил и Атлантик Груп двете екипи во овој дуел влегоа претпазливи и со цврста одбрана. Како одминуваше времето екипи започнуваа да прикажуваа нешто поофанзивна игра, екипата на Макстил прва успеа да го отвори резултатот со погодокот на Цвијетиќ во 9та минута од полувремето. Екипата на Атлантик Груп со брзи контра напди се почесто се закануваше кон голот на Макстил и во 13та минута од полувремето со погодокот на Петковски успеа да израмни на 1-1. До крајот на полувремето иако и двете екипи имаа одлични шанси голманите одлично ги сочуваа своите голови па на паузата се замина со резултат од 1-1. Во полувреме се играше отворен фудбал и на двете страни екипата на Атлантик Груп преку контра напад во 28та минута успеа да погоди и да дојде до целосен резултатски пресврт во реализација на Стојановски. По што се чинеше дека Атлантик ја има целосно контролата врз овој натпревар. Но екипата на Макстил беше максимално сконцентрирана и во 38та минута во самиот финиш од натпреварот успеа да го изненади Атлантик преку Неделковски по штo се влезе во пенал завршница. Во пенал завршницата блесна Тодоровски во екипата на Атлантик Груп и успеа да им обезбеди влез во Ф8 фазата.