Уни Банка немаше противигра за расположениот Еуро Табак

Уни Банка 6-14(0-6) Еуро Табак

Уни Банка: Ивица Орозовски 25’ 25’ 36’ Методиј Христовски 40’ Александар Кузинаков 22’ 23’
Еуро Табак: Никола Зафировски 38’ Мартин Ливрински 4’ 19’ 22’ 25’ 27’ 30’ Дејан Јанковски 4’7’ 12’ 35’ Борислав Стојанов 20’ Григориј Јовановски 26’ 27’

Одличен старт за екипата на Еуро Табак во дуелот со Уни Банка, веќе во 4та минута со погодоците на Ливрински и Јанковски екипата на Еуро Табак се стекна со солидно водство од 0-2. По оваа негатива екипата на Уни Банка се префрли на противничко поле и вршеше силен пристисок кон голот на Еуро Табак со цел да дојде до израмнување. Екипата на Еуро Табак одлично ја постави својата игра во одбраната не остави простор за игра на екипата на Уни Банка и преку контра напади ги казнуваше грешките за водство од 0-6 на полувремето. Во второто полувреме екипата на Уни Банка влезе со променета тактика што веднаш резултираше со два постигнати погодоци и намалување на негативата. Сепак екипата на Еуро Табак не дозволи да ја прокоцка високата предност од полувремето па го доби овој натпревар со 6-14.