Уни Банка со сигурна одбрана до победа над L.C. Waikiki

L.C. Waikiki 2-8(0-4) Уни Банка

L.C. Waikiki: Алојз Перхај 39’ Енес Ариф 33’
Уни Банка: Ѓорѓи Пецевски 35’ Марко Ташков 9’ 16’ 37’ Александар Кузинаков 6’ 40’ Ивица Орозовски 15’ 28’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на L.C. Waikiki и Уни Банка, двете екипи се предодредија за офанзивна игра што донесе многу шанси и на двете страни. Екипата на Уни Банка беше таа која ја превзема иницијативата и успеа со гол во 6та минута да го отвори резултатот. Неколку минути подоцна и да го зголеми водството на 2-0. По оваа негатива екипата на L.C. Waikiki се префрли на противничко поле вршејќи притисок со цел да ја намали негативата, со таквата офанзивна игра ја направија својата одбрана ранлива а тоа го искористи екипата на Уни Банка за високо водство од 0-4 на полувремето. Во второто полувреме екипата на L.C. Waikiki со сите сили се обидуваше да фати резултатски приклучок тие се обидоа и со пормена на тактиката внесувајќи во игра голман играч но денеска не успеаа да ја најдат својата игра па одличната екипа на Уни Банка успеа да го добие овој натпревар со резултат од 2-8