Фабрика Карпош – ГИМ со одлично второ полувреме до победа над Пекабеско

Пекабеско 4-9(4-4) Фабрика Карпош – ГИМ

Пекабеско: Кристијан Панев 2’ 11’ 17’ 36’ 38’ Александар Божиков 10’ 23’ 29’ 34’
Фабрика Карпош – ГИМ: Бобан Вујиќ 20’ Ѓоре Бочваров 5’ 6’ Албин Пачко 19’

Израмнето прво полувреме одиграа екипите на Пекабеско и Фабрика Карпош –ГИМ, прва во водство дојде екипата на Фабрика Карпош со погодокот на Панев во втората минута. Следуваше брз одговор на екипата на Пекабеско со два едноподруго голови на Бочваров за целосен пресврт. До крајот на полувремето беше бркотница по теренот во која екипите се менуваа во водството за најреален исход во ова полувреме нерешен резултат од 4-4. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош влезе многу мотивирано и уште на самиот старт успеа да реализира и да го превземе водството, по ова водство се до самиот крај на натпреварот екипата на Фабрика Карпош ја контролираше играта и резултатот и покрај жестокиот притисок кој го вршеше екипата на Пекабеско. Екипата на Фабрика Карпош го доби овој натпревар со конечни 9-4.