Фабрика Карпош – ГИМ со победа над НЛБ Банка до влез во следната фаза

Фабрика Карпош – ГИМ 6-0(2-0) НЛБ Банка

Фабрика Карпош – ГИМ: Александар Божиков 38’ Георги Божиков 31’ Филип Илиевски 8’ Лазар Божиновски 32’ Тони Котев 19’ 28’

Завршниот турнир во Бизнис Лигата на Македонија го отворија екипите на Фабрика Карпош – ГИМ и НЛБ Банка. Двете екипи во овој натпревар влегоа претпазливи со цврста одбрана а својата шанса ја бараа преку добро изградени напади. Екипата на Фабрика Карпош по грешка на противникот, од белата точка со погодок на Филип Илиевски во 8та минута успеа да поведе со 1-0. Ова ја натера екипата на НЛБ Банка да започне со нешто поофанзивна игра и да притисне во предно поле со цел да дојде до израмнување, но екипата на Фабрика Карпош – ГИМ одлично ја постави својата одбрана и не дозволуваше лесен погодок. Екипата на Фабрика Карпош продолжи со одлична игра па во 19та минута од полувремето со погодок на Котев успеа да го зголеми водството на 2-0 резултат со кој се замина на паузата. Во второто полувреме екипата на Фабрика Карпош – ГИМ продолжи со одлична игра и со брзи контра напади успеваше да ја зголемува предноста во натпреварот. Екипата на НЛБ Банка иако имаше неколку одлични шанси Фабрика Карпош – ГИМ ги затвори пристапите кон својот гол, а на другата страна имаше одлична реализација. На крајот од овој натпревар Фабрика Карпош – ГИМ славеше со убедливи 6-0.