Халк Банка со погодок во самиот финиш до победа над Макпетрол

Халк Банка 3-2(1-1) Макпетрол

Халк Банка: Самир Вели 10’ 30’
Макпетрол: Горан Новаковски 2’ 23’

Интересно прво полувреме одиграа екипите на Халк Банка и Макпетрол, двете екипи во овој натпревар влегоа силно мотивирани. Екипите имаа ставено акцент на офанзивна игра со точни подавања и брз транзиции. Екипата на Халк Банка го користеше својот голман како голман играч како би створила вишок во нападот, сепак ваквата отворена игра ја искористи Макпетрол за брз погодок во раната фаза од полувремето па во 2та минута успеаа да поведат со погодокот на Новаковски. По оваа негатива екипата на Халк Банка почна да врши силен притисок кон голот на Макпетрол и во 10та минута од полувремето со одличен погодок на Вели од средината на теренот успеа да израмни на 1-1. До полувремето и двете екипи имаа одлични шанси но мрежите мируваа па на паузата се замина со 1-1. Во второто полувреме екипата на Макпетрол на самиот старт успеа да дојде до повторно водство од 1-2 со вториот погодокот на Новаковски. По ова се продолжи со цврста игра екипите играа на раб на фаул, екипата на Халк Банка успеваше да врши притисок кон голот на Макпетрол што им донесе израмнување во 30та минута од полувремето што ја направи завршницата на овој натпревар вистинска драма. Во ваквата драматична завршница екипата на Макпетрол по груб старт остана со играч помалце и беше приморана да направи тактички измени во својата игра, ова го искористи Халк Банка за подобро го организира својот напад постигне гол и на крајот слави во овој дуел со 3-2.