Шабани со хет-трик го однесе ТАВ во Ф4

ТАВ 4-1(2-0) Корпа
ТАВ: Еркан Шабани 6” 7” 36”, Алексо Новески 28”
Корпа: Дончо Аргировски 21”

Интересно прво полувреме одиграа екипите на ТАВ и Корпа. Уште на самиот старт на првото полувреме екипата на ТАВ започна со силен притисок кон голот на противникот. Екипата на Корпа во воведната фаза на натпреварот одлично успеваше да се одбрани од налетите на ТАВ. Екипата на ТАВ во 6” конечно ја скрши одбраната на Корпа, и со два погодоци во низа во реализација на Шабани дојде до брзо водство од 2-0. По ова водство на ТАВ екипата на Корпа се обидуваше со контра напади резултатски да се врати во натпреварот но имаше слаба реализација па на полувремето замина со негатива од два гола.
Во второто полувреме екипата на Корпа успеа преку Аргировски да ја намали предноста на ТАВ, но екипата на ТАВ одлично ја постави играта во одбраната, а преку Шабани и Новески кои беа истурени во нападот успеваа да ја зголемат предноста. До крајот на натпреварот екипата на Корпа иако имаше неколку одлични шанси не успеа резултатски да се доближи до екипата на ТАВ кој славеше на овој натпревар со 4-1.