Џонсон Мети сигурни во дуелот со МЕПСО

Џонсон Мети 10-2(5-0) МЕПСО

Џонсон Мети: Христијан Стојановски 26’ 40’ Бојан Дејановски 3’ 10’ 31’ 35’ Мартин Николовски 15’ 16’ Бране Стојановски 7’ 38’

МЕПСО: Александар Јоксимовски 24’ Борис Трајковски 38’

Одлично прво полувреме на екипата на Џонсон Мети во дуелот со МЕПСО, тие уште во почетните минути од натпреварот успеаа да се стекнат со комотно водство кое до крајот на полувремето константо го зголемуваа. Екипата на МЕПСО со сите сили се обидуваше резултатски да се врати во овој натпревар но не успеа да најде против игра за денес расположената екипа на Џонсон Мети која го доби ова полувреме со резултат од 5-0. Во второто полувреме иста слика екипата на Џонсон Мети имаше целосна контрола врз играта и резултатот и покрај сите обиди на екипата на МЕПСО да се врати резултатски во игра. Екипата на Џонсон Мети го доби овој натпревар со убедливи 10-2.