LC Waikiki со одлично полувреме до победа над Bestways Solutions

Bestway Solution 1-4(0-1) LC Waikiki

Bestway Solution: Петар Стефановски 23”
LC Waikiki: Џемаил Рамадани 13”, Ергин Алими 33”, Муаз Селихи 36”, Фуркан Фетаи 39”

Екипите на Bestway Solution и LC Waikiki во дуелот влегоа максимално мотивирани со јасно зацртани цели. И двете екипи на самиот старт играа без ризични додавања, контролирајќи ја играта во делот на нападот. И на двете страни се играа долги и контролирани напади. Голманите беа на ниво на задачата се до 13та минута кога LC Waikiki преку контра напад во реализација на Рамадани успеа да го изненади Bestway Solutions и дојде до водств од 0-1. Во останатиот дел од полувремето се играше егал натпревар во кој екипите не успеаа да го променат резултатот. На полувремето LC Waikiki замина со минимална предност од 0-1.
Во второто полувреме екипата на LC Waikiki имаше одлична реализација, и неколку шанси успеа да ги преточи во гол со што стигна до резултатска предност. Екипата на Bestways Solutions беше со кратка клупа и немаше доволно сили да дојде до резултатски пресврт па на крајот LC Waikiki славеше со 1-4.